Политика за приватност
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на ФФМ фаншоп веб страната, и објаснува како ФФМ ("ФФМ", "нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.fanshop.ffm.mk и мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено".
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
3. Како ФФМ ги користи податоците
4. Кога и како ФФМ открива податоци
5. Како ФФМ ги собира податоците
6. Безбедност на податоците
7. Пристап и промена на Вашите податоци
8. Приватност на трети страни
9. Политика за заштита на лични податоци за деца
10. Терминологија
11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
· - го пристапувате или користите нашиот сајт
· - се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на fanshop.ffm.mk
· - ги отворате или одговарате на нашите email пораки
· - оставате коментари на сајтот
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на употреба и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате.
Можете да ги уредите Вашите е-маил преференци, со логирање на Вашиот профил преку ФФМ фаншоп вебсајтот мобилната апликација. Тука може да се отчлените или да ги одберете категориите од Ваш интерес за кои сакате да добивате промотивни пораки со известувања за новите понуди. Исто така можете да ги прилагодите е-маил преференците со следење на инструкциите во е-маил пораките кои ги ви праќаме. Можете да ги промените преференците во било кое време. Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние ќе ви испраќаме административни пораки со информации за извршено купување. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред.
3. Како ФФМ ги користи податоците
Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:
· - да го подобриме работењето на сајтот, да ви понудиме персонализирани производи и услуги,
· - да го олсениме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување, да ви одговараме на Ваши барања и прашања,
· - да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу ФФМ.,
· - да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации,
· - да аминистрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани,
· - да ги водиме секојдневните активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
4. Кога и како ФФМ открива податоци
Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
· Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
5. Како ФФМ ги собира податоците
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.
Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.
6. Безбедност на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги несувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е серфитицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
7. Пристап и промена на Вашите податоци
Можете да ги пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го остраните профилот може да испратите барање на fanshop.ffm.mk но сепак тоа не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради анализи на продажбите и месечни и годишни извештаи. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши податоци, бидејќи периодично правиме резервна копија на датабазата.
8. Приватност на трети страни
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.fanshop.ffm.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
9. Политика за заштита на лични податоци за деца
ФФМ не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на ФФМ изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
10. Терминологија
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на fanshop.ffm.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:
· Фудбалска Федерација на Македонија
· Ознака: Политика на приватност
· бул. АСНОМ бб, 1000 Скопје Македонија